Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и не застанал на даден знак за запирање

Лишен од слобода кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и не застанал на даден знак за запирање



На 28.09.2025 во 02.50 часот во близина на автопат А1, кај клучка Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Б.(49) од Кавадарци.

Полициските службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и го свртел возилото во спротивен правец, по што бил запрен.

Од извршената контрола утврдено е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност