На 29.11.2025 во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци поради основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ казниво по член 144, „демнење“ по член 144А и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394Г од Кривичниот законик, за што му се поднесени кривични пријави.
Тој е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Кавадарци, кој му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.