Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода кавадарчанец, барал пари за да не објави видеа со експлицитна содржина

Лишен од слобода кавадарчанец, барал пари за да не објави видеа со експлицитна содржина

 

На 26.09.2025 во 19.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.В.(54) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од 50 - годишна жена со престој во Струмица барал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини видеа со експлицитна содржина. По пријавениот настан и направени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, жената остварила средба со З.В., на кого му дала пари, кои претходно биле обележани. 
Веднаш по средбата, З.В. е лишен од слобода и непосредно до него биле пронајдени обележаните парични средства, кои ги фрлил во момент кога му пристапиле полициските службеници. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мени за пристапност