Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода измамник од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за сума од 300.000 денари

Лишен од слобода измамник од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за сума од 300.000 денари

На 06.03.2026 во 09:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Т.(45) од Дојран. Тој се сомничи дека учествувал во извршување на кривично дело „измама“, при што била оштетена 81-годишна кавадарчанка за сума од 300.000 денари.  Имено, на 05.03.2026, 81-годишната кавадарчанка пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Откако се договориле, излегла пред својот дом и парите му ги дала на машко лице, а подоцна сфатила дека е измамена. 

Во службен разговор, А.Т. го признал делото и з настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност