Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода германски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана

Лишен од слобода германски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него била пронајдена марихуана

На 02.09.2025 во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(46) од Сојузна Република Германија.

При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана. 


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност