На 31.07.2026 во 17:00 часот во Скопје, на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Г.К.(22) од Косово, кој бил баран со меѓународна потерница за сторени кривични дела кражба, тешка кражба, телесна повреда и изнуда. Г.К. е предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.