Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода чешки државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети и други предмети без документација

Лишен од слобода чешки државјанин на Граничен премин Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети и други предмети без документација

На 31.10.2025 околу 14:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(56 од Чешка. При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал, пронајдени и одземени се ќеса со 534 монети со разна големина и форма, фолија со шест стари монети, еден детектор, една обетка со два бели камења и еден зелен предмет налик на камен од непозната материја и потекло.  


Одземените предмети и возилото се предадени во СВР Куманово за натамошна постапка.  Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност