Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Лишен од слобода битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, поднесена е кривична пријава 

Лишен од слобода битолчанец поради измамите со лажни лекари и сообраќајки, поднесена е кривична пријава 

 

СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ до Основното јавно обвинителство Битола поднесоа кривична  пријава против Д.Н.(67) од Битола и против две непознати лица поради сомнение за сторено кривично дело „измама" казниво по чл.247 ст.1 од КЗ.

Д.Н. и другите две лица телефонски се јавувале кај повозрасни лица, се претставувале како лекари и ги доведувале во заблуда дека членови од нивните семејства учествувале во сообраќајни несреќи и се здобиле со тешки повреди, па требало да дадат пари за нивно лекување. 

Тие успеале да измамат  84-годишна битолчанка и 83- годишен битолчанец при што им одзеле вкупно 20.000 евра, при обид да измамат 78-годишна жителка на битолско село на 27.02.2026, таа го пријавила случајот во СВР Битола и веднаш  се преземени мерки и активности, при што полициски службеници  на лице место го затекнале и го лишиле од слобода Д.Н. при обид да ги земе парите. Д.Н. во целост ги признал кривичните дела, по што е поднесена кривична пријава.

Мени за пристапност