Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава за „примање поткуп“ против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување

Кривична пријава за „примање поткуп“ против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до OJO Скопје, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(63) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.


Пријавениот Љ.Н. вработен во Дирекцијата за заштита и спасување и со решение овластен да потпишува, дава мислење и издава согласност на просторни и урбанистички планови и проекти од аспект на заштитата и спасувањето и елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи преку електронскиот систем Е-урбанизам и Е-градежна дозвола за подрачно одделение за заштита и спасување Центар, на 12.11.2026 од едно лице побарал парични средства во износ од 500 евра. Имено, на 12.11.2026 лицето отишло во просториите на ДЗС и се сретнало со пријавениот за да праша до каде е статусот на неговиот предмет поднесен во општина Центар, при што Љ.Н. му ги побарал парите за да потпише и покрај недостатоците.


На 17.11.2026 тие повторно се сретнале и лицето му ги дало парите. Веднаш потоа бил запрен од полициски службеници, по што се обидел да побегне, но бил фатен и лишен од слобода, а бил пронајден и одземен ковертот со парите.

Мени за пристапност