Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава против вработен во Центар за социјални работи Тетово и лице од тетовско за злоупотреба на право на социјална пензија

Кривична пријава против вработен во Центар за социјални работи Тетово и лице од тетовско за злоупотреба на право на социјална пензија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) и Ј.Е.(31), двајцата од с.Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“. Првопријавениот, на работно место оператор за внес на податоци во Центарот за социјални работи Тетово, на 02.06.2022 и на 05.10.2022 пуштил незаконски средства во вкупен износ од 155.500 денари на име на второпријавениот, а кои биле наменети за друго лице врз основа на решение за остварување право на социјална пензија, за што добил и социјален број, кој од првопријавениот незаконски бил поврзан со трансакциската сметка од второпријавениот, со цел да се изврши незаконска исплата. 

Второпријавениот ги дал на располагање неговите лични податоци, односно неговата трансакциска сметка на првопријавениот со цел противправно да се стекне со парични средства во вкупен износ од 155.500 денари, а за кои немал основa да му се исплатат.

Мени за пристапност