Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“

Кривична пријава против две лица за „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45  од КЗ на РСМ). 

Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како службено и одговорно лице, свесно и со умисла, извршил повеќе временски поврзани дејствија. Притоа во периодот од април 2021 година до ноември 2025 година во рамки на подготвувањето, распишувањето и спроведувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно улично осветлување на ЕЛС Општина Кичево, склучен на ден 08.11.2021 со конзорциум од три правни лица две од Кичево и едно од Гостивар прекршил законски одредби содржани во Законот за концесии и Јавно приватно партнерство, како и одредби содржани во Законот за јавни набавки. И на тој начин како договорен орган практично преземал противправни дејствија со цел Договорот за модернизација на уличното осветлување во град Кичево да го додели на нему блиски лица, а со намера за стекнување на противправна имотна корист од големи размери. 

На тој начин, првопријавениот Ф.Д. нанел материјална штета на буџетот на ЕЛС општина Кичево, од околу 1.621.013,00 евра (или 99.692.345,оо денари), еднаков на износот на исплатените месечни ануитети на конзорциумот приватни фирми до поднесувањето на пријавата. 

Второпријавениот пак Б.К. пак, во својство на службено лице, вработен во општинската администрација како раководител на Сектор за финансии, воедно и именуван како претседател на Комисијата за спроведување на постапката за Јавно приватно партнерство и именуван втор член на Комисијата за следење, верификување и исполнување на Договорот за ЈПП, во истиот временски период од 2021 до 2025 година, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности. Така што на тој начин дозволил од своја страна да биде прибавена корист од големи размери на штета на буџетот на Општина Кичево.

 

Мени за пристапност