Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривична пријава против двајца вработени во Подрачно шумско стопанство „Кожуф“ – Гевгелија за „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“

Кривична пријава против двајца вработени во Подрачно шумско стопанство „Кожуф“ – Гевгелија за  „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Л.М.(32) и Н.А.(45), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“. На 16.10.2025, првопријавениот како референт за користење на шуми и дотур во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Кожув“ Гевгелија, издал дозвола за сеча на огревно дрво без претходно да биде поднесено барање за обезбедување на дрвни сортименти, додека второпријавениот, референт за превоз во јавното претпријатие, впишал дека било поднесено барање без да изврши проверки дали воопшто било поднесено такво барање. 

Исто така, првопријавениот не извршил прием на доставената дрвна маса, а пропуштил да изврши и должен надзор иако бил одговорен да изврши контрола на количината и квалитетот на посечената дрвна маса. Второпријавениот, пак, издал испратница за превоз на исечено огревно дрво бука без притоа правилно да го одреди видот на огревното дрво кое се превезува, односно во испратницата напишал дека станува збор за буково огревно дрво, додека пак во превозното средство биле превезувани дабови огревни дрва. Второпријавениот при жигосувањето на огревните дрва користел шумски жиг различен од тој што бил вметнат во испратницата, а не жигосал доволен број на дрвни сортименти. Дополнително, второпријавениот во дозволата за сеча и испратницата внел невистинит податок за лицето кое го поднело барањето.

Мени за пристапност