Во врска со обврската од чл.24-б, ст.5. од Закон за приватно обезбедување (Сл.весник на РМ бр. 166/2012, 164/2013, 148/2015, 193/2015):
„Кандидатите за полагање на испитите од ставот (4) на овој член и јавноста се информираат за датумот и времето на полагањето на стручните испити, најмалку осум дена пред одржување на испитите преку веб страницата на Министерството за внатрешни работи и Јавниот радиодифузен сервис.”
Комората на РСМ за приватно обезбедување организира:
- Полагање на стручен испит за ТЕХНИЧКО обезбедување, кое ќе се одржи на: 13.03.2026 год. со почеток во 15.00 ч.
- Полагање на стручен испит за ФИЗИЧКО обезбедување, кое ќе се одржи на: 13.03.2026 год. со почеток во 16.00 ч.
(Стручните испити се полагаат во Испитниот центар на Комората за приватно обезбедување (ул. 50 Дивизија, бр. 34, Скопје).