На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.