Сексуалната злоупотреба на деца во дигиталниот простор е сериозен облик на криминал со долгорочни последици врз жртвите. Споделувањето фотографии и видеоматеријали, комуникацијата со непознати лица и злоупотребата на стекнатата доверба можат да ги изложат децата и младите на сериозни ризици.
Затоа, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Европол и полициските служби од регионот, преку меѓународната кампања „Кажи не!“ го насочува вниманието кон опасностите од несоодветната комуникација и споделувањето лични содржини на Интернет.
Целта на кампањата е подигнување на свеста кај децата, младите, родителите и пошироката јавност за начините на препознавање и спречување на сексуалната злоупотреба во дигиталниот простор.
Заштитата на децата е заедничка одговорност. Информираноста, внимателноста и навременото пријавување се важни чекори во спречувањето на злоупотребата.
Кажи НЕ на злоупотребата. Кажи НЕ на споделувањето интимни содржини.
Заштити се себеси и другите!