Денеска (16.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, имаше свое обраќање на работилницата посветена на изработката на првата рестриктивна верзија на среднорочниот преглед SOCTA 2027, во рамки на регионалниот проект EU4FAST, која се одржува во Скопје.
Во своето обраќање, Јанев ја истакна стратешката и оперативната важност на националната SOCTA како функционална алатка за препознавање на безбедносните закани, предвидување на криминалните трендови и утврдување национални и оперативни приоритети.
Тој нагласи дека организираниот, особено транснационалниот криминал, бара заеднички и координиран институционален одговор, преку навремена размена на информации, заеднички аналитички процени и координирани оперативни активности насочени кон разбивање на криминалните мрежи, нивната финансиска моќ и логистичка инфраструктура.
Посебно беше истакната потребата од одржлива меѓуинституционална соработка, преку која стратешките процени ќе се преточуваат во конкретни активности и мерливи резултати, во согласност со европските безбедносни приоритети и приоритетите на EMPACT.
Директорот Јанев изрази благодарност до проектниот тим на EU4FAST за континуираната поддршка, стручната експертиза и партнерството во унапредувањето на националните капацитети и меѓуинституционалната соработка.