Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јанев во посета на СВР Штип: Полицијата е тука да служи, а не да владее, преку партнерство и одговорно делување ќе ја изградиме довербата што ја заслужуваат граѓаните

Јанев во посета на СВР Штип: Полицијата е тука да служи, а не да владее, преку партнерство и одговорно делување ќе ја изградиме довербата што ја заслужуваат граѓаните

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанец денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи - Штип. Директорот Јанев со раководството разговараше за предизвиците со кои секојдневно се соочува полицијата од превенцијата и справувањето со криминалитетот, до безбедноста во сообраќајот и интегритетот на полициските службеници. Особено внимание во разговорите беше посветено на претстојниот предизборен период и денот на локалните избори, кога професионалноста, објективноста и законитоста мора да бидат манифестирани од секој полициски службеник.

„Посетата ја искористив и за средба со градоначалникот Иван Јорданов и претставници на локалната самоуправа. Разговаравме за заедничките напори во одржувањето на јавниот ред и мир, за подобрувањето на сообраќајната култура, заштитата на јавните добра и за безбедноста на сите граѓани. Јасно порачуваме: полицијата е тука да служи, а не да владее. Нема да толерираме ниту криминал, ниту насилство, ниту поединци кои се обидуваат да го нарушат спокојот на штипјани и на сите кои живеат и работат во овој град. Само преку партнерство и одговорно делување ќе ја изградиме довербата што ја заслужуваат граѓаните.“, подвлече директорот Јанев.

Мени за пристапност