Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката меѓу САД и Македонија“, организиран од Министерството за финансии, со учество на претставници на Американската амбасада и други високи институционални претставници.
Настанот беше посветен на презентирање на резултатите и идните насоки на соработката меѓу САД и Македонија, насочена кон унапредување на јавните финансии, транспарентноста и отчетноста, како и јакнење на капацитетите за борба против економскиот и финансискиот криминал.
Ваквите партнерства се исклучително важни за јакнење на институционалната стабилност и безбедносниот систем во целина, а меѓуинституционалната и меѓународна соработка се клучен предуслов за ефикасна заштита на јавниот интерес и довербата на граѓаните.