Во рамки на денешните активности заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени го посети Секторот за внатрешни работи Велес.
На средбата со раководството на СВР Велес заменик министерот Исени беше запознаен со тековните активности на секторот и проблемите со кои се соочуваат и како истите се надминуваат.
Се разговараше и за безбедносната состојба, при што беа истакнати актуелните трендови на криминал и мерке што се преземаат за негово спречување.
На крајот од посетата беше нагласена посветеноста и цврстата определба за исполнување на мисијата на Министерството за внатрешни работи – обезбедување владеење на правото и безбедност за сите граѓани низ целата територија на Македонија.