Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исени на дипломатскиот брифинг на МАРРИ: Регионалната соработка е клучна за справување со миграциските и безбедносните предизвици

Исени на дипломатскиот брифинг на МАРРИ: Регионалната соработка е клучна за справување со миграциските и безбедносните предизвици

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска учествуваше и се обрати на дипломатскиот брифинг на МАРРИ / Пријателите на МАРРИ, организиран од Регионалниот центар МАРРИ и Претседателството на Босна и Херцеговина со МАРРИ Иницијативата.

Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја истакна важноста на регионалната соработка во управувањето со миграцијата, заштитата на границите и справувањето со безбедносните предизвици, нагласувајќи дека ниту една држава не може самостојно да одговори на современите закани.

„Нашиот регион се соочува со миграциски притисоци, безбедносни ризици и транснационален криминал. Одговорот на овие предизвици не може да биде изолиран – потребна е постојана регионална координација, размена на информации и заедничко градење институционални капацитети“, истакна Исени.

Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи, како институција на земјата домаќин на Регионалниот центар МАРРИ од неговото формирање во 2004 година, останува силно посветено на поддршка на иницијативата и унапредување на регионалната безбедносна соработка.

Исени посочи дека МАРРИ иницијативата има значајна улога како регионален мост меѓу институциите, меѓународните партнери и европските организации, особено во делот на практичната соработка, градењето доверба и развојот на заеднички решенија прилагодени на потребите на регионот.

„Безбедноста денес мора да ја градиме врз основа на партнерства. Поддршката од меѓународните партнери, дипломатската заедница и организациите кои работат на ова поле е од исклучително значење за зајакнување на институционалните капацитети и создавање одржливи решенија“, потенцираше заменик министерот.

Во своето обраќање, Исени изрази уверување дека МАРРИ и во иднина ќе продолжи да придонесува кон поврзување на институциите од регионот, поттикнување на практичната соработка и приближување кон европските стандарди и вредности.

Тој порача дека Македонија ќе продолжи активно и посветено да придонесува кон процесите кои водат кон поголема регионална стабилност, безбедност и просперитет.

Мени за пристапност