Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Три лица лишени од слобода и со едно извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно седум пријави во последното деноноќие 

Три лица лишени од слобода и со едно извршен службен разговор за семејно насилство од вкупно седум пријави во последното деноноќие 

 

На 27.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје 51-годишна жена пријави дека на 26.05.2026 околу 00:30 часот во кругот на здравствена установа на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер С.Р.. 


На 27.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека на 25.05.2026 околу 21:00 часот во домот на подрачјето на Центар со остар предмет бил нападнат од неговата сопруга С.С. со која биле во бракоразводна постапка. 


На 27.05.2026 во 22:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Ж.(37) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. 
На 27.05.2026 во 15:10 часот во ОВР Прилеп, 64-годишник од Прилеп пријавил дека во дворот од неговата семејната куќа бил физички нападнат од неговиот внук од брат. 


Ноќеска (28.05.2026) во 00:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.Д.(38) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 27.05.2026 околу 23:20 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговите татко, брат и снаа. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
На 27.05.2026 во 16:45 часот во СВР Охрид, 37-годишна жена од Охрид пријавила дека  околу 14:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг К.А.(37) од Охрид. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Охрид извршија службен разговор со пријавениот. 


На 27.05.2026 во 05:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода Ф.А.(18) затоа што физички ја нападнал неговата сестра. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност