Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар во МВР Петрушевски на конференција во Белград 

Државниот секретар во МВР Петрушевски на конференција во Белград 

 

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и национален координатор за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Сашо Петрушевски, учествуваше на регионалната конференција „Граници на заштита: миграции, експлоатација и модерно ропство“, која се одржа на 18 март 2026 година во Белград, во организација на Британската амбасада во Р. Србија и здружението на граѓани Атина.

На конференцијата учествуваа претставници на институции, експерти и организации од земјите од регионот и Обединетото Кралство, при што се дискутираше за предизвиците поврзани со миграциите, експлоатацијата и современите форми на ропство, како и за унапредување на соработката во борбата против трговијата со луѓе. Државниот секретар ја предводеше македонската делегација составена од претставници од Министерството за внатрешни работи, судството, трудовиот инспекторат и Здружението на граѓани „Отворена Порта – Ла Страда“.
 
Во рамки на конференцијата, државниот секретар имаше излагање на тема „Работни миграции во сенка на експлоатацијата: модерно ропство, криумчарење мигранти и трговија со луѓе“, каде што говореше за предизвиците со кои се соочуваат институциите во справувањето со овие форми на криминал. Во своето излагање тој ја нагласи важноста од засилена регионална и меѓународна соработка, размена на информации и координирано дејствување на надлежните институции, со цел поефикасно спречување и сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти. Петрушевски истакна дека институциите во Република Северна Македонија континуирано работат на унапредување на механизмите за спречување и борба против трговијата со луѓе, како и на зајакнување на системот за заштита и поддршка на жртвите.

Тој своето обраќање го заврши со порака дека целта е јасна – да се обезбеди систем кој ќе превенира, ќе штити и ќе го враќа достоинството на жртвите на трговија со луѓе, при што се заблагодари за вниманието и можноста за размена на искуства со учесниците на конференцијата.

Мени за пристапност