Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи и со еден е извршен службен разговор за управување возило без возачка дозвола, од нив двајца малолетници и една малолетничка.
Во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола (еден малолетник), две лица во Гостивар (една малолетничка), едно лице во Битола и еден малолетник во Кичево. Додека, едно лице во Неготино управувало возило без возачка дозвола и предизвикало сообраќајна незгода со друго возило и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.