Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Превентивни активности на СВР Велес за безбеден сообраќај и заштита од измами, показна вежба на СВР Охрид за евакуација во случај на насреќа

Превентивни активности на СВР Велес за безбеден сообраќај и заштита од измами, показна вежба на СВР Охрид за евакуација во случај на насреќа

 

Денеска (05.05.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес на градскиот пазар во Велес, спроведоа  превентивна активност под мотото „Внимавај, телефонски измами“,  со цел да се информираат и едуцираат граѓаните како да ги препознаат измамите и да не дозволат да бидат жртви. Преку непосредни средби, на граѓаните им беше укажано да не отвораат сомнителни пораки со содржина за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“ и со упатства преку кои жртвите се наведуваат да ги остават своите лични податоци и банкарски сметки. Ваква превентивна активност полициски службеници од ОВР Неготино денес реализираа и на подрачје на општините Неготино и Демир Капија. Исто така, денеска полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „И јас и ти сме пешаци“, во која главен акцент беше ставен на пешаците, посочувајќи им дека тие, како активни учесници во сообраќајот  исто така имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Полициски службеници од ПО за БПС Неготино пак, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон“, при што на возачите им беше укажано за опасностите од користење мобилен телефон при управување возила. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Црвен крст Охрид ,ТППЕ Охрид, ДЗС и ЦУК, вчера (04.05.2026) во ОУ,,Св. Климент Охридски“ во Охрид, беше спроведена показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа. Целта на вежбата беше подигање на нивото на подготвеност и координираност на надлежните субјекти за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи, ажурирање и увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните центри и координација во извршувањето на мерките што ги преземаат тимови од надлежните институции.

Мени за пристапност