Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина

Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина

„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.

Резултатите веќе го потврдуваат тоа.

Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година.

Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење.

Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите.
„Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.

Мени за пристапност