На 27.05.2026, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци реализираа превентивна активност на тема „Вози совесно, вози одговорно“. Во рамки на активноста на возачите им беше укажано за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи, а целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајна култура и свеста кај возачите во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.
Во рамки на превентивната активност беше поделен и печатен едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
Превентивни активности за безбеден сообраќај денеска (28.05.2026) беа реализирани во Македонска Каменица и Свети Николе. Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Кацига или глава изборот е твој“. Додека, полициски службеници од ОВР Свети Николе реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Положи, не ризикувај“.
Исто така денеска, во Берово беше спроведена превентивно - едукативна кампања под мотото „Заштита на шумите од пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активноста на граѓаните им е укажувано дека пожарот на отворено го доведува во опасност животот на луѓето, животните и шумскиот фонд, се трошат човечките и материјалните ресурси.
Основна цел на проектот е подигање на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.