Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Осум пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, две лишени лица во Струга и Куманово

Осум пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, две лишени лица во Струга и Куманово

 

На 08.04.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 49-годишна жена пријави дека на 07.04.2026 околу 22:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Ј.(49) од Скопје, кој и упатувал и закани. 
На 07.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Центар, од страна на нејзиниот поранешен сопруг Д.И.(39) од Скопје ѝ биле упатени закани.   
На 07.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена пријави дека на 06.04.2026 од страна на нејзиниот сопруг Љ.Г.(30) од Скопје, со кого биле во бракоразводна постапка, ѝ биле упатени закани кон неа и нејзиното семејство. 
На 07.04.2026 во 12:10 часот во ОВР Кочани, 24-годишна жена од Кочани пријави дека на 06.04.2026 околу 21:00 часот во домот каде престојуваат била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П.. 
На 08.04.2026 во 02:40 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.М.(46) од Струга, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека физички ја нападнал во семејниот дом. 
На 07.04.2026 во 06:46 часот во СВР Куманово, 15-годишно девојче од Куманово пријавило дека била физички нападната од нејзиниот татко Ф.Л.. 
На 07.04.2026 во 13:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиja од слобода З.Г.(52)  од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Тој бил приведен во полициска станица. 
На 07.04.2026 во 20:30 часот во СВР Битола, 53-годишна битолчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син со дрвен предмет бил нападнат од нејзиниот партнер Т.Н.. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност