Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реализирана обука на полицијата од страна на Црвениот крст за укажување на прва психолошка помош при кризни состојби

Реализирана обука на полицијата од страна на Црвениот крст за укажување на прва психолошка помош при кризни состојби

 

Секторот за полициски работи од општа надлежност при Одделот за униформирана полиција  реализира семинар за прва психолошка помош наменет за полициски службеници во Охрид. Семинарот беше спроведен со поддршка на Црвениот крст, а во рамки на истиот беа обработени теми од особено значење за полициската професија, како што се укажување на прва психолошка помош при кризни состојби, основни принципи на првата психолошка помош, справување со тагување и загуби, како и грижа за вработените и зачувување на нивното ментално здравје.

Покрај теоретскиот дел и пренесените знаења, семинарот опфати и практична обука за укажување на прва помош при масовни несреќи, каде волонтерите на Црвениот крст и полициските службеници заеднички го демонстрираа своето знаење и вештини, стекнати и за време на претходниот тренинг модул реализиран во Центарот „Солферино“ во Струга.

Оваа обука придонесе за јакнење на капацитетите на полициските службеници за навремено препознавање, соодветно реагирање и обезбедување психолошка и прва помош во кризни и вонредни ситуации, како кон граѓаните, така и кон своите колеги. Преку практичните вежби, размената на искуства и интерактивниот пристап, дополнително се зацврсти и меѓуинституционалната соработка со Црвениот крст, што претставува значаен придонес кон унапредување на професионалната подготвеност, хуманото постапување и ефикасното справување со кризни состојби.

Изразуваме искрена благодарност до Црвениот крст за нивната посветеност, стручна поддршка и успешната реализација на семинарот, како и за континуираната соработка во насока на унапредување на знаењата и вештините на полициските службеници во справувањето со кризни и вонредни ситуации.

Мени за пристапност