На 01.07.2026.година во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода е Ј.С.(40) од Кичево по претходна пријава дека во семејниот дом, во алкохолизирана состојба физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање.
На 02.07.2026 во 01:45 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В (34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 29 годишна поранешна сопруга, дека во неговиот дом, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во 17:00 часот на ул.„Ванчо Јаневски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.А.(53) од Битола бидејќи истиот со огнено оружје во семејниот дом се заканувал на неговата сопруга. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(50) од Прилеп пријавила дека била физички нападната од нејзината стрина Р.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.07.2026 во 19:00 часот во СВР Велес, 67-годишна жена од Росоман пријави дека во домот, нејзиниот сопруг Б.А. кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 01.07.2026 во 21:15 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со П.Ѓ.(21) од Скопје по претходна пријава дека околу 12:00 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 20-годишна партнерка, и упатувал закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 01.07.2026 во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(38) од Скопје по претходна пријава дека околу 13:30 часот во домот физички го нападнал неговиот 76-годишен очув. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2026 во 04:00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.М.(46) од Скопје по претходна пријава дека на 01.07.2026 околу 18:30 часот во домот со тврд предмет физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.