Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фатен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

Фатен крадец во Битола, украденото вратено на сопствениците

На 31.10.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 12- годишен битолчанец. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, односно дека на паркинг простор пред спортска сала „Боро Чурлевски" во Битола со употреба на сила и подесен алат влегол во автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, при што одзел повеќе лични работи на ученици и наставници кои биле на екскурзија. По преземени мерки тој е пронајден и  лишен од слобода, а украденото е вратено на сопствениците. 


По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност