Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Кривични пријави против тројца албански државјани, со пловни објекти илегално влегле во македонска територија и вршеле незаконит риболов

Кривични пријави против тројца албански државјани, со пловни објекти илегално влегле во македонска територија и вршеле незаконит риболов

 

Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија. Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при вршење на кривично дело „незаконит риболов“,  по што, по наредба на јавен обвинител, одземени им се пловните објекти, рибарските мрежи со уловот. 
По целосно документирање на случаите, против овие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик - „незаконит риболов“ и по член 9 од Законот за гранична контрола - „илегално преминување на државната граница.

Мени за пристапност