Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие 

Три лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие 

 

На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М..
На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, физички го нападнал. 
На 10.05.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, 57-годишен маж од Скопје пријави дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, неговиот малолетен син му упатил закани по неговиот живот. 
На 09.05.2026 во 22:45 часот во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишија од слобода Д.К.(47) од беровско, постапувајќи по претходна пријава дека не ја почитувал привремената мерка за заштита од семејно насилство изречена од Основе суд Берово и ја вознемирувал, навредувал и малтретирал неговата сопруга. 
На 10.05.2026 во 15:35 во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 49-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава дека најпрво со пораки се заканувала на нејзината 52-годишна сестра, по што отишла во нејзиниот двор и продолжила со заканите. Таа била задржана во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес. 
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Мени за пристапност