Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во радовишко, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Претрес во радовишко, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

 

На 09.07.2026 во 16:10 часот во село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Н.С.(31) од село Воиславци и Е.Т.(18) од Струмица. При претрес во домот на Н.С., извршен со судска наредба, во кој била затекната и Е.Т., била пронајдена марихуана. При претрес во домот е пронајден и мобилен телефон кој потекнува од кривично дело кражба  За случајот е запознаен јавен обвинител, a по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност