Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода

Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовско предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол, едниот и без дозвола, двајцата се лишени од слобода

 

На 24.10.2026 околу 22:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во три 16-годишни малолетници, сите од Тетово. По несреќата возачот со возилото го напуштил местото, но набргу бил пронајден и сопрен на ул.„Никола Тесла“. При алкотестирање кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилтоо е одземено. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.


На 24.10.2026 во 04:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од с.Пирок удрило во бетонски столб од куќа и излог одобјект, сопственост на Ф.Ш.(45) од с.Пирок. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди сопатникот Е.К.  и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Мени за пристапност