Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Две лица се лишени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 19.06.2026 во 15:35 часот во Градско, полициски службеници од Полициска канцеларија Градско го лишиле од слобода М.М.(50) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја малтретирал неговата 47-годишна невенчана сопруга, а на 15.06.2026 кога во домот физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.02.2026 во 11:45 часот во ОВР Кавадарци, 25-годишна кавадарчанка пријавила дека подолг период била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, а последно на 14.06.2026, кога тој дошол во нејзиниот дом и по вербална расправија физички ја нападнал. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 На 19.06.2026 во 22.40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека подолг временски период, таа и нејзините деца, биле психички и физички малтретирани од него. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

 На 19.06.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека на 18.06.2026 околу 16:30 часот, во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 На 20.06.2026 во 06:15 часот во СВР Скопје, ПС ОН Аеродром , 37-годишна жена пријави дека на 19.06.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 37-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Мени за пристапност