Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Две лица повредени во сообраќајни несреќи во Гостивар и во близина на ГП Блаце

Две лица повредени во сообраќајни несреќи во Гостивар и во близина на ГП Блаце

На 27.01.2026 во 15:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Мара Угриноска“ во Гостивар, патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) удрило во 55-годишната Н.Н., двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Н., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 27.01.2026 околу 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на магистралниот пат Скопје- Граничeн премин Блаце, во близина на граничниот премин, патничко возило „бид“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(41) од Р.Косово удрило во паркирано патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Г.С.(23) од Куманово, кој бил во возилото. Во несреќата со телесни повреди се здобил Г.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Мени за пристапност