Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Државниот секретар оствари средба со амбасадорот на Република Турција

Државниот секретар оствари средба со амбасадорот на Република Турција

На средбата двете страни изразија задоволство од добрите досегашни односи меѓу земјите и се заложија за уште посилна соработка во иднина и постојана координација на теми од заедничко значење.

Државниот секретар Петрушевски изрази благодарност за континуираната и сеопфатната поддршка што Турција и ја дава на нашата земја, потенцирајќи ја билатералната, како и регионалната соработка која е на високо ниво, и е од особено значење. Во продолжение на средбата, Петрушевски нотираше дека министерствата за внатрешни работи на двете држави остваруваат исклучителна соработка преку меѓународните и регионалните канали на полициска соработка особено преку СЕЛЕК, ИНТЕРПОЛ и ЕВРОПОЛ. Сето тоа особено придонесува за поефикасно координирање на активностите за сузбивање на меѓународните криминалистички структури, ефикасна борба против организираниот и другите видови на сериозен криминал - потенцираше државниот секретар Петрушевски.

Во фокус на денешниот состанок беа новите можности за продлабочување на соработката, отворените тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, а се разговараше и за актуелните меѓународни и регионални предизвици. Во оваа прилика, од двајцата соговорници беа разменети мислења во интерес на унапредување и зголемување на безбедносната состојба, градење на капацитетите за борба против тероризмот, пожртвуваните напори на двете држави во справување со тероризмот, како и мерките за таргетирање поединци, со цел зачувување на регионалната стабилност и безбедност.

Мени за пристапност