Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Јанев се обрати на Конференцијата за унапредување и зајакнување на Заедничките контакт центри за полициска и царинска соработка во Западен Балкан

Директорот на БЈБ Јанев се обрати на Конференцијата за унапредување и зајакнување на Заедничките контакт центри за полициска и царинска соработка во Западен Балкан

Денеска (05.05.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, се обрати на Конференцијата за унапредување и зајакнување на Заедничките контакт центри за полициска и царинска соработка во Западен Балкан, која се оддржа во Скопје. Конференцијата беше организирана и поддржана преку ИПА проектот „EU4FAST“ – иницијатива на Европската унија за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, имплементирана од Германска федерална полиција.

Во своето обраќање, директорот Јанев истакна дека оваа платформа не претставува само техничка соработка, туку јасен сигнал за заедничка визија – визија во која безбедноста не познава граници, а одговорноста се споделува. Тој нагласи дека преку зајакнување на полициските контакт центри се продлабочува оперативната координација, се унапредува размената на информации, искуства и знаења, и се гради систем што е побрз, поефикасен и поотпорен на прекуграничниот криминал.

 Дополнително, беше потенцирано дека заканите од организирани криминални групи и мрежи кои профитираат од човечка несреќа се динамични и транснационални, поради што одговорот мора да биде координиран, доверлив и одлучен. Само преку партнерство, отворена комуникација и зголемена меѓусебна доверба може навремено да се детектираат, идентификуваат и сузбијат овие појави. Овие иницијативи директно придонесуваат за зајакнување на националната безбедност, за поцврсти и побезбедни граници, како и за стабилен и отпорен регион, како дел од поширокиот европски безбедносен систем. Македонската полиција, како што беше истакнато, останува проактивен, доверлив и докажан партнер, со јасна определба за придонес кон регионалната стабилност и европската безбедност, преку континуирано градење на соработка и иницирање на ефикасни решенија во заштита на граѓаните и заедничките вредности.

Мени за пристапност