Денеска (23.06.2026), во Струмица, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со поклон и положување цвеќе им оддаде почит на македонските херои Атанас Јанев и Кољо Китанов, по повод 25-годишнината од нивната херојска жртва.
Беше истакнато дека нивната жртва, дадена во одбрана на татковината, нејзиниот суверенитет и институции, останува симбол на храброст, чест и пожртвуваност, како и траен аманет за идните генерации да ги негуваат вредностите за кои тие го дадоа најсветото.
Со длабока почит беше оддадена благодарност и на нивните семејства, кои достоинствено го чуваат споменот на своите најмили.