Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полициите од ЈИЕ

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полициите од ЈИЕ

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (16.12.2025.) во Валона, Република Албанија учествува на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициите од Југоисточна Европа (СЕПКА) што годинава се одржува под претседателство на албанското министерство за внатрешни работи.

 

Во фокусот на дневниот ред на Генералното собрание се низа важни теми меѓу кои пред се е борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дроги, како и сузбивањето на илегалната миграција, криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе.

 

Во своето излагање во рамки на работните сесии директорот Јанев, меѓу другото, истакна дека оваа асоцијација нуди огромни можности за споделување на искуства, знаења и визии за развивање на регионални алатки, иницијативи за делување и јакнење на соработката на државите членки на СЕПКА.

 

Воедно Јанев потенцираше дека македонската полиција која што тековнава година дури за околу 40 проценти ја зголеми размената на податоци во рамки на меѓународната соработка, останува силно посветена во унапредување на регионалната и меѓународната соработка, посебно во борбата против сите појавни облици на криминал, континуирано преземајќи мерки и активности за детектирање и идентификување на криминалните групи.

 

Единствени и со заедничка интензивна соработка можеме да се справиме со организираниот и транснационалниот криминал, испраќајќи јасна порака дека криминалците нема да имаат мир во ниту една земја. Ние ги продолжуваме и зацврстуваме партнерствата со колегите во регионот и пошироко, се со цел градење побезбеден регион и подобра иднина за нашите граѓани“, нагласи Јанев.

 

Исто така, директорот Јанев ја искористи можноста и за низа билатерални средби со колегите од Регионот, директорите на полициите од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, како и со останатите високи претставници на земјите членки на Асоцијација, и со претставниците на Интерпол, Селек и Сојузната криминалистичка полиција на Австрија.

Инаку, на крајот на Собранието, претседавањето со СЕПКА за наредната 2026 година беше предадено на министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина.

 

Мени за пристапност