Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев во работна посета на СВР Штип

Директорот на БЈБ Александар Јанев во работна посета на СВР Штип

 

Денеска (04.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Штип, при што со раководството разговараше за оперативното функционирање, постигнатите резултати и натамошното унапредување на безбедносните капацитети во регионот.

Во фокусот на разговорите беа поефикасното полициско постапување, засилената превенција, навременото откривање и справувањето со сите облици на криминал. Притоа, беше истакнато дека во изминатите девет месеци тешките кражби се намалени за над 40% во споредба со истиот период минатата година, додека откривачката дејност во областа на организираниот и друг вид криминал бележи значителен пораст.

Посебен акцент беше ставен на професионалноста, одговорноста и почитувањето на службените процедури од страна на полициските службеници, при што беше нагласено дека нема да има толеранција за непрофесионално и неодговорно постапување. Се разговараше и за унапредување на криминалистичко-разузнавачката и оперативно-аналитичката работа, подобрата координација и зголемувањето на полициското присуство на терен, како и за функционалноста на новата интервентна единица.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оствари средба и со 56-те новопримени полициски службеници, кои по завршувањето на едногодишната обука на Полициската академија се распоредени во СВР Штип. На нив им порача дека од нив се очекуваат висок степен на професионалност, интегритет, одговорност и посветеност во извршувањето на полициските задачи.

МВР продолжува со унапредување на оперативните и кадровските капацитети, со цел поефикасно полициско постапување, посилна превенција и поголема безбедност на граѓаните во сите региони.

Мени за пристапност