Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев одржа работна средба со раководните полициски структури во Охрид – фокус на модернизација, дигитализација и поголема безбедност на граѓаните

Директорот на БЈБ Александар Јанев одржа работна средба со раководните полициски структури во Охрид – фокус на модернизација, дигитализација и поголема безбедност на граѓаните

Денеска (06.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Охрид одржа работна средба со раководителите на Секторите за внатрешни работи Охрид, Тетово и Битола, Регионалните центри за гранични работи Југ и Запад, како и со раководителите на униформираната полиција, командирите на полициските станици и раководителите на полициските одделенија.

На средбата беа разгледани актуелните безбедносни состојби, оперативните приоритети и насоките за унапредување на полициското работење, со посебен акцент на засилено полициско присуство на терен, поактивна превенција и јакнење на партнерството со граѓаните и локалната заедница.

Јанев ја истакна важноста на одговорноста и лидерската улога на средното раководно ниво, како и потребата од поголема координација, професионалност и конкретни резултати во работењето на сите организациски единици.

Во рамки на средбата беа презентирани и новите интервентни единици, како и дигиталните алатки и работната верзија на новата дигитална платформа за полициското работење, која претставува значаен чекор кон целосна дигитализација, поефикасна размена на информации, подобра координација и управување со полициските ресурси.

„Полицијата не е тука да владее со граѓаните, туку да им служи. Таа мора да биде нивен партнер, нивна сигурност и еден од столбовите на безбедноста“, порача Јанев.

Целта е изградба на модерна, мобилна, ефикасна и професионална полиција, со јасен систем на одговорност, силни институционални вредности и капацитети подготвени да одговорат на безбедносните предизвици на новото време.

Мени за пристапност