Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев на средба со проектниот тим на EU4FAST: Продолжува заедничката борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

Директорот на БЈБ Александар Јанев на средба со проектниот тим на EU4FAST: Продолжува заедничката борба против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

Денеска (08.06.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, оствари работна средба со претставници на проектниот тим на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ (EU4FAST). На средбата беше потврдена успешната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и проектниот тим на EU4FAST во реализацијата на активности насочени кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на безбедноста. Директорот Јанев изрази благодарност за досегашната поддршка и реализираните активности во рамките на проектот, истакнувајќи дека постигнатите резултати претставуваат пример за успешна меѓународна соработка. Воедно, тој ја нагласи подготвеноста на Бирото за јавна безбедност за понатамошно продлабочување на партнерството и реализација на нови заеднички активности. На средбата беше заеднички констатирано дека меѓусебната соработка се одвива на исклучително високо ниво и дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина, со цел зајакнување на безбедноста и поефикасно справување со предизвиците од организираниот криминал.

Мени за пристапност