Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на БЈБ Александар Јанев изврши увид во подготовките на кандидатите за припадници на САЕ „Тигар“

Директорот на БЈБ Александар Јанев изврши увид во подготовките на кандидатите за припадници на САЕ „Тигар“

Денеска (16.11.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со командантот на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, изврши увид во подготовките, обуките и проверките на кандидатите за идни припадници на оваа елитна единица.

Тестирањата се спроведуваат согласно високите професионални, физички и психофизички стандарди, при што, покрај физичката подготвеност и издржливоста, се проверуваат карактерот, дисциплината, одлучноста, самоконтролата и способноста за тимско дејствување под екстремен притисок.

Во рамки на посетата беше одржана и работна средба со командантот и раководството на единицата, на која беа разгледани актуелната состојба, оперативната подготвеност и потребите за натамошно унапредување на нејзиното функционирање.

Директорот Јанев ја истакна професионалноста и посветеноста на припадниците на „Тигар“, како и нивните досегашни резултати во високоризичните антитерористички операции, специјализираните обуки и националните и меѓународните натпреварувања.

МВР и Бирото за јавна безбедност остануваат посветени на обезбедување соодветни услови и ресурси за континуирано унапредување на капацитетите на единицата, во интерес на безбедноста на граѓаните и институции

Мени за пристапност