Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на Европска конвенција на шефови на полиции во Хаг

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев на Европска конвенција на шефови на полиции во Хаг

Директорот на Бирото за јавна безбедност предводеше делегација на министерството за внатрешни работи на Европската конвенција на шефови на полиции (European Police Chiefs Convention – EPCC), што се одржа во седиштето на Европол, во Хаг.

Овој значаен настан, организиран од Европол и претседателството со Советот на ЕУ – Данска, претставува најголема меѓународна платформа од ваков тип, која ги обединува полициските лидери од земјите-членки на ЕУ, партнерски држави и меѓународни организации.
„Во рамки на Конвенцијата, остварив билатерални средби со раководството на Европол, на кои го потврдивме континуираниот развој на нашата соработка, особено во делот на заедничките оперативни активности. Посебен акцент ставивме на размена на информации, јакнење на капацитетите за борба против организираниот криминал, сајбер-криминалот и трговијата со дрога, како и на можностите за нови обуки и заеднички проекти“, нагласи директорот Јанев.

Директорот Јанев оствари средба и со претставници на повеќе партнерски држави и институции каде разговараше за актуелните безбедносни предизвици и начини за унапредување на меѓусебната соработка. 

„Ги истакнав трите приоритети на кои ќе се фокусира македонската полиција во наредниот период: борбата против организираните криминални групи на регионално и меѓународно ниво, реорганизацијата на полициските служби за поефикасно користење на капацитетите и зголемена безбедност на граѓаните, како и модернизацијата на полициското работење преку дигитализација и примена на иновативни методи во справувањето со сериозниот и организиран криминал“, потенцираше директорот Јанев. 

Тој на крај истакна дека со нашето учество на EPCC, уште еднаш ја потврдивме определбата на Македонија да биде активен и доверлив партнер во европската безбедносна мрежа, со јасна посветеност на борбата против организираниот и транснационалниот криминал.

Мени за пристапност