Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Директорот Јанев положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите припадници на Единицата за брзо распоредување во чест на денот на единицата

Директорот Јанев положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите припадници на Единицата за брзо распоредување во чест на денот на единицата

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Алесаксандар Јанев, заедно со припадници од Оддделот за специјални полициски операции положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Единицата за брзо распоредување, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја најсветата дожност - да ја бранат татковината и безбедноста на граѓаните. 

„Некои дадоа многу, но тие дадоа СÈ! Тие се вечен пример дека слободата и спокојството што денес го живееме имаат своја цена – а таа цена е највозвишената жртва. Нашата должност е да ги чуваме нивните дела, да ја пренесуваме нивната слава и да живееме со почит кон наследството што ни го оставија. Македонија ќе памети, ќе почитува и ќе се гордее со своите херои!“, истакна директорот Јанев.

Оваа активност е дел од активностите кои го одбележуваат денот на единицата и претходи на централниот настан што ќе се одржи вечерва во Кавадарци.

Мени за пристапност