Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Претрес во Пробиштип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во Пробиштип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

 

На 01.06.2026 во 21:.20 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Ј.Ј.(37) од Пробиштип затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува во Пробиштип, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. 
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност