Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи, од кои девет за управување возило без возачка дозвола, три за управување на возило под дејство на алкохол и еден за возење и покрај тоа што имал активна забрана. Двајца возачи во Прилеп и еден во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач во Кичево управувал возило и покрај тоа што имал забрана. Додека по еден возач во Гостивар, Велес, Кочани, Прилеп, Ресен, Битола, Тетово, Скопје и Свети Николе управувале возило без возачка дозвола. Возачите во Скопје и Тетово се малолетници. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.