На покана на австриската Национална одбранбена академија, делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, предводена од помошник директорот за криминалистичка полиција во БЈБ Илија Чалшев Менис, во периодот од 05-09.05.2025 учествува на Регионалниот курс за стратешко лидерство (RSLC) во Виена.
Целта настанот е зајакнување на регионалниот дијалог и соработка преку заедничка обука на високи претставници од јавната администрација и безбедносниот сектор на земјите од Западен Балкан.
Целите на Регионалниот курс се развивање на доверба и меѓусебна почит меѓу земјите во регионот, како основа за долгорочна соработка и стабилност, зајакнување на капацитетите за стратешко одлучување преку практична обука и анализа на безбедносни предизвици, координација меѓу различни институции во справување со комплексни кризни ситуации, размена на искуства и добри практики во областа на безбедносната политика и управување со кризи.