Денеска, 21.12.2025 година, во просториите на Единицата за интервентна полиција покрај редовните обврски, владееше вистинска новогодишна магија. Дечињата на членовите и припадниците на единицата кои беа на посета на работните места на нивните херои - мама и тато, без изненадени од Дедо мраз кој им подели на сите новогодишни пакетчиња. Дружбата беше голема радоста уште поголема. Дечињата имаа можност да се запознаат со работните обврски на своите родителите и како се чува безбедноста на граѓаните и својата држава.
Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје неодамна прослави шест години постоење и грижа за безбедноста на граѓаните од главниот град. Нивното мото е „Каде другите застануваат, ние продолжуваме“.